Connect with us

Упс, Вардар може до триумф против КуПС

По деветгодишна пауза, Вардар вечерва повторно ќе настапи на елитната европска сцена. Македонскиот шампион на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека финскиот КуПС во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лига на шампионите.

Во таборот на „црвено-црните“ владее оптимизам пред европската премиера. Тренерот Кристијан Фабијани истакна дека екипата максимално ги искористила подготовките и дека е подготвена за предизвикот.

„Конечно пристигна моментот што долго го чекавме. Имавме квалитетни подготовки во Италија и со нетрпение го очекуваме почетокот на натпреварот. Задоволен сум од тоа како работевме. Ова е двомеч кој трае 180 минути и затоа е важно како ќе одиграме и вечерва и на реваншот. Против себе имаме тим кој е во натпреварувачки ритам и сака да игра фудбал. Наша цел е да го дадеме максимумот. Во Вардар сум веќе три месеци, очекувањата се големи, но сметам дека клубот сè уште не е на нивото на кое може да биде. Одиме чекор по чекор и сакаме постојано да напредуваме“, изјави Фабијани.

Во пресрет на дуелот својот оптимизам го изрази и капитенот Азер Омерагиќ.

„Имавме добри подготовки и ова е дополнителен мотив за сите нас, бидејќи Вардар по девет години повторно игра во Лигата на шампионите. Размислуваме само за првиот натпревар, а потоа ќе се насочиме кон реваншот“, истакна Омерагиќ.

Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје започнува во 19 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови