Астон Вила е новиот освојувач на Лига Европа, откако во финалето во Истанбул одигра доминантен натпревар и со убедливи 3-0 го совлада Фрајбург.
За тренерот Унаи Емери ова е петти трофеј во Лига Европа, со што уште еднаш потврди дека е вистински специјалист за европските финалиња. Воедно, Астон Вила стигна до голем европски успех по пауза од 44 години.
Фрајбург подобро го отвори натпреварот и во воведните минути делуваше како рамноправен ривал. Германскиот тим вршеше притисок на средината од теренот и неколку пати опасно се закани, но сигурен на голот беше Емилијано Мартинез.
Во 30. минута Манзамби доби добра можност, но неговиот удар заврши директно во рацете на аргентинскиот голман.
Астон Вила потоа постепено ја презеде контролата и во 41. минута стигна до водство. Јури Тилеманс одлично реагираше по еден волеј-удар и ја испрати топката во долниот лев агол за 1-0.
Примениот гол целосно го наруши ритамот на Фрајбург, а англискиот тим тоа веднаш го искористи. Пред самиот крај на првото полувреме, Емилијано Буендија доби простор на работ од шеснаесетникот и со прецизен удар со левата нога зголеми на 2-0.
Вториот дел започна идеално за премиерлигашот. Во 58. минута Морган Роџерс постигна трет гол и практично го реши прашањето околу победникот.
Со убедливата предност, Астон Вила мирно го контролираше остатокот од натпреварот, додека Фрајбург безуспешно се обидуваше барем да стигне до почесен погодок.
Тимот на Емери беше тактички одлично поставен и не дозволи сериозна закана пред својот гол до самиот крај, па англискиот состав сосема заслужено стигна до својот прв трофеј во Лига Европа.
Со овој успех, Астон Вила ја круниса одличната сезона, во која покрај европскиот трофеј обезбеди и пласман во Лигата на шампионите.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













