УЕФА за денеска попладне свика итен состанок на кој ќе го дефинира својот одговор на контроверзниот план на ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино за вклучување приватни инвеститори во Светското првенство. Европската куќа на фудбалот реагираше откако ФИФА испрати писмо до сите свои членки, поставувајќи рок до 19 септември да ја прифатат понудата, заедно со првата исплата од 20 милиони долари. Вкупната почетна исплата би изнесувала 40 милиони долари.
„Дознавме дека ФИФА им поставила рок на националните федерации да ги поддржат предлозите, во спротивно понудата за еднократна исплата ќе биде повлечена. Тоа кажува сè што треба да се знае за овој план“, соопштија од УЕФА.
Ова е второ соопштение на европската организација на оваа тема, откако во првата реакција оцени дека ФИФА „ја преминала границата“.
Многу федерации, меѓу кои и Фудбалската асоцијација на Англија, се револтирани бидејќи за предлогот за продажба на 20 проценти од уделот во натпреварувањата на ФИФА на приватни инвеститори дознале преку медиумите. Процесот го води инвестициската компанија „Thrive Eternal“, во сопственост на Џошуа Кушнер, девер на Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп.
Загриженоста на УЕФА ја делат и конфедерациите на Азија, Јужна Америка, како и Северна и Централна Америка и Карибите. Состанокот ќе се одржи виртуелно, а засега не е познато кои конкретни мерки ќе бидат разгледувани. Меѓу 55-те членки на УЕФА се и три полуфиналисти од Светското првенство 2026.
Во Нион се свесни дека најрадикалната опција – повлекување на европските репрезентации од турнирот – сериозно би ја загрозила финансиската одржливост на целиот проект. Сепак, тоа засега се смета за крајна мерка, а ситуацијата дополнително ја усложнува фактот што една членка на УЕФА начелно ги поддржува предлозите на Инфантино.
„Гледаме прагматични предности за чешкиот фудбал“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Чешка, Давид Трунда.
По бројните критики за предлогот и начинот на кој беше претставен, ФИФА во средата навечер објави документ на осум страници во кој ги образложува своите мотиви.
Од Светската куќа на фудбалот сметаат дека „премал дел од растечката комерцијална вредност на фудбалот стигнува до оние сегменти на играта на кои им е најпотребна“.
Во документот се наведува дека понудените суми се повисоки од годишните буџети на некои национални федерации, а се поставуваат и прашања за ревизија на средствата што ФИФА веќе ги распределува. И покрај тоа, Инфантино верува дека предлогот ќе овозможи финансирање на „подобри терени, посилни репрезентации, повеќе можности за младите фудбалери и поголема поддршка за женскиот фудбал“.
Во видеото што го објави ФИФА, Инфантино нагласи дека станува збор за „понуда, а не обврска“.
„Ова е дел од демократскиот процес на консултации. Пред сè, ова е можност, а не обврска. Тоа е златна шанса да го забрзаме развојот на фудбалот на глобално ниво“, изјави претседателот на ФИФА.
Како примери за позитивните ефекти од својата стратегија, ФИФА ги наведува првите пласмани на Зеленортските Острови, Курасао, Јордан и Узбекистан на Светско првенство, иако тоа делумно е резултат и на проширувањето на турнирот на 48 репрезентации. Во документот се споменуваат и Формула 1, Ла Лига, Лига 1 и Бундеслигата како спортски организации што користат „посебни комерцијални операции“, при што ФИФА уверува дека приватните инвеститори „апсолутно нема да имаат никакво влијание“ врз организацијата и одржувањето на Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













