УЕФА се соочува со голем проблем на три недели пред почетокот на Европското првенство (14 јуни – 14 јули). Постои многу реална можност употребата на ВАР при утврдувањето на можни офсајди да биде откажана.
Проблемот е поврзан со тоа што холандската компанија „Балино“ поднесе тужба против УЕФА, со која сака да ја прекине употребата на ВАР во дотичните ситуации. Компанијата тврди дека нејзината технологија за откривање на движењето на топката е незаконски копирана од друга компанија – „Кинесон“, со која УЕФА работи во користењето на системот за видео-асистент судија.
Веќе е одреден датум за судење на 4 јуни, кога судот може да изрече забрана за употреба на ВАР до разрешување на случајот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













