УЕФА официјално отвори дисциплинска постапка против тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по инцидентот на „Енфилд“ со навивачи на Ливерпул минатата недела. По погодокот на Вирџил ван Дајк, аргентинскиот стратег двапати се обиде да се доближи до трибините за да се пресмета со еден навивач кој, според него, го навредувал низ целиот натпревар.
Видеа на социјалните мрежи покажуваат дека и член на стручниот штаб на Атлетико се обидел да навреди навивачи на Ливерпул. Симеоне доби црвен картон заради инцидентот.
Според информации на „Ди Атлетик“, УЕФА отвори дисциплинска постапка и против Ливерпул поради фрлени предмети од навивачи.
Тренерот на Атлетико Мадрид ќе отслужи најмалку еден натпревар суспензија заради црвениот картон, но сè уште не е јасно дали казната ќе биде продолжена на повеќе натпревари.
Следниот предизвик за Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите е против Ајнтрахт Франкфурт, по што тимот ќе гостува кај Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?













