Connect with us

УЕФА одлучи: Престијани дефинитивно нема да игра против Реал Мадрид

Реал Мадрид и Бенфика вечерва ќе го одиграат реваншот од плејофот во Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“. Првиот натпревар во Лисабон заврши со минимална победа за „кралевите“ од 0-1, благодарение на фантастичниот гол на Винисиус Жуниор.

Сепак, реваншот е засенет од контроверзна ситуација: Аргентинецот Џанлука Престијани беше обвинет за расистички навреди од страна на Винисиус, што доведе до кратко прекинување на натпреварот и суспензија на Престијани од страна на УЕФА.

Бенфика поднесе жалба за да може Престијани да настапи, но Контролно-етичкото и дисциплинско тело на УЕФА ја одби жалбата.

„Жалбата поднесена од Бенфика се одбива. Со тоа се потврдува претходната одлука на Контролно-етичкото и дисциплинско тело на УЕФА. Џанлука Престијани останува привремено суспендиран за натпреварот за кој инаку би имал право на настап“, соопшти УЕФА.

Килијан Мбапе нема да настапи поради повреда, што ја ослабува и екипата на Реал Мадрид пред клучниот реванш вечерва.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови