Конфликтот меѓу УЕФА и ФИФА добива нова димензија. Европската куќа на фудбалот го засили притисокот врз претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и побара негова оставка, а според „Телеграф“, подготвена е и формално да иницира гласање за недоверба.
Овој потег следува и покрај тоа што Инфантино се откажа од контроверзниот проект за продажба на малцински удел во комерцијалните права на Светското првенство. УЕФА смета дека тоа не е доволно и му поставила јасен ултиматум – доколку не се повлече од функцијата, ќе биде покрената постапка за негово разрешување.
Правната основа за таков чекор е предвидена во членот 25 од Статутот на ФИФА. Според оваа одредба, Советот на ФИФА е должен да свика вонреден Конгрес доколку писмено тоа го побара најмалку една петтина од членките, односно 43 од вкупно 211 национални фудбалски федерации.
УЕФА брои 55 национални сојузи, што значи дека самостојно располага со доволен број членки за да ја покрене постапката. Според францускиот весник „Л’Екип“, вонредниот Конгрес треба да се одржи во рок од три месеци од поднесувањето на официјалното барање.
Доколку иницијативата биде реализирана, тоа би можело да доведе до една од најголемите институционални кризи во историјата на светскиот фудбал и директна пресметка меѓу двете најмоќни фудбалски организации.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













