Четири руски клуба би можеле да учествуваат во европските купови во сезоната 2027/28 при евентуално укинување на санкциите од страна на УЕФА. Ова произлегува од документите на УЕФА објавени на официјалната веб-страница на организацијата.
Според тоа, шампионот на Русија за тековната сезона би се натпреварувал во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, додека освојувачот на Купот на Русија би играл во првото квалификациско коло од Лига Европа. Екипите што ќе завршат на второто и третото место во руското првенство во сезоната 2026/2027 би го започнале своето учество од второто квалификациско коло во Лигата на конференции.
Во моментов, руската репрезентација и сите руски клубови се суспендирани од меѓународните натпреварувања под закрила на ФИФА и УЕФА уште од 2022 година.
Претходно, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, изјави дека машките руски репрезентации ќе можат да се вратат на меѓународната сцена дури по завршувањето на војната во Украина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













