Connect with us

Удинезе реди победи, дојде на чекор од Наполи и од Аталанта (ВИДЕО)

Удинезе стигна до шестата последовна победа во Серија А откако славеше на гости кај Верона со 1-2. Победничкиот гол го постигна Јака Бијол во 93.минута од мечот. 

Тимот од Удинезе по овој триумф има 19 бода, само бод помалку од Наполи и од Аталанта и се искачи на третата позиција на табелата. 

Џош Доиг во 23.минута донесе предност за Верона, а израмни Бето во 70.минута.

Во последните десетина минути овој меч заигра и македонскиот интернационалец Илија Несторовски.  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови