Голем удар за Реал Мадрид е веста дека Килијан Мбапе ќе биде надвор од терените најмалку три недели. Како што пренесува францускиот „Л’Екип“, магнетната резонанца направена во текот на денешниот ден покажала повреда на надворешниот лигамент на коленото, што бара терапија и задолжителен период на мирување.
Францускиот напаѓач веќе подолг период настапувал со болки во коленото, но продолжил да игра без да биде свесен за сериозноста на повредата. Во последните неколку натпревари, Мбапе почувствувал дека повеќе не може да забрзува со својата препознатлива експлозивност, што на крајот го натерало да прифати пауза.
Откако од почетокот на сезоната ги одигра речиси сите натпревари за „кралевите“, принудната пауза на „десетката“ на Реал предизвика загриженост во Мадрид. Од друга страна, во таборот на француската репрезентација веројатно гледаат позитивна страна, бидејќи нивниот капитен ќе добие време целосно да се опорави пред следните обврски.
Во наредните три недели Реал Мадрид ќе одигра четири натпревари, меѓу кои и дуелот од Суперкупот против Атлетико Мадрид. „Кралскиот клуб“ ќе се соочи и со Бетис и Леванте во првенството, како и со Монако во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













