Connect with us

Удар за Барселона и за Шпанија: Родри ќе паузира еден месец

Барселона ќе мора да се снаоѓа без Родри во следниот период, откако шпанскиот репрезентативец заработил повреда на бутниот мускул на десната нога за време на вчерашниот натпревар против Астон Вила во Лигата на шампионите.

Светскиот шампион почувствувал мускулна болка, поради што беше заменет на полувремето. Денешните лекарски прегледи ја потврдиле повредата, а иако од „Камп Ноу“ не објавија колку долго ќе трае неговото отсуство, каталонските медиуми најавуваат пауза од околу четири недели.

Тоа значи дека Родри сигурно ќе го пропушти дербито против Атлетико Мадрид во Ла Лига, но и натпреварите на шпанската репрезентација, како и дуелите со Вилјареал, Сабах и со Депортиво Ла Коруња.

Отсуството на Родри претставува сериозен проблем за Ханси Флик. Шпанецот настапи на 14 од досегашните 15 натпревари на Барселона оваа сезона, од кои 11 ги започна како стартер.

Сега германскиот стратег ќе мора да направи промени во средниот ред пред гостувањето кај Атлетико. Како една од опциите се наметнува Марк Бернал, кој остави добар впечаток во второто полувреме против Астон Вила. Во комбинација е и Френки де Јонг, кој постепено ја враќа натпреварувачката форма по повредата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови