Убави вести за фудбалската репрезентација на Македонија и за селекторот Игор Ангеловски доаѓаат од Загреб. Аријан Адеми, капитенот на хрватскиот првак, не е посериозно повреден и ќе може да настапи и на реваншот против Тотенхем во Лигата на Европа, а потоа и за националниот тим во квалификациите за СП 2022 во Катар.
Адеми добил силен удар во текот на мечот, но се него се е в ред и веднаш би требало да продолжи со тренинзи, подготвувајќи се за возвратниот натпревар против Тотенхем.
Хрватските медиуми со пофални коментари се изразија за играта на вториот македонски репрезентативец Стефан Ристовски кој оваа зима се приклучи на „модрите“ од Спортинг Лисабон. Тој успеа да го сопре Хјонг – Мин Сон, еден од најдобрите офанзивци во Премиер – лигата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski