Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, ги воодушеви навивачите на „кралскиот клуб“ откако потврди дека Килијан Мбапе се опоравил од повредата и веднаш по завршувањето на синоќешниот натпревар отпатувал од Мадрид кон Саудиска Арабија.
Иако периодот на опоравување на Мбапе требаше да трае три недели, Французинот чудесно закрепнал за само девет дена, а Алонсо потврди дека тој би можел да игра во финалето против Барселона.
„Килијан Мбапе се чувствува многу подобро. Се чувствува одлично и веќе утре ќе ни се приклучи. Да, може да игра против Барселона“, изјави тренерот на Реал по вчерашниот натпревар.
Мбапе не отпатувал веднаш со тимот во Саудиска Арабија за да не се ризикува премногу, па било одлучено дека ќе пристигне во Џеда само доколку Реал се пласира во финалето и таму игра против Барселона.
Откако се оствари таквото сценарио, Мбапе веднаш по завршувањето на вчерашниот натпревар заминал на аеродром и отпатувал кон Саудиска Арабија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс













