Капитенот Серхио Рамос сепак ќе остане во Реал Мадрид и ќе потпише нов договор. Одличниот дефанзивец и претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, ги приближија ставовите и веќе извесно е потпишување на нов договор.
Како што тврди „Марка“, договорот е многу блиску до потпишување и би требало да се случи во наредните три седмици. Преговорите сега директно меѓу фудбалерот и претседателот, без агенти и посредници. Перез инсистира да го задржи капитенот и смета дека во четири очи најбрзо ќе постигнат конечен договор.
Флорентино Перез и Серхио Рамос и покрај разидувањата за некои точки од договорот, секогаш имале одлични односи. Ако се оди според планот, Реал Мадрид планира да го објави новиот договор на Серхио Рамос непосредно пред неговото враќање на терените. Тој е повреден, а лекарскиот тим го подготвува да настапи на реванш мечот од Лигата на шампионите против Аталанта на 16.март.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













