Connect with us

Убава вест од Торино: Киеза на тренингот на Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза, се приклучи на дел од денешниот тренинг на тимот, соопштија од клубот. 24-годишниот Италијанец се опоравува од тешката повреда на коленото здобиена во јануари оваа година. Повредата го извади од терените до крајот на минатата сезона 2021/2022 и почетокот на актуелната.


Киеза напорно работеше на опоравувањето и денеска можеше да учествува на тимскиот тренинг на гигантот од Торино. Во таборот на Јувентус се надеваат дека ќе можат да сметаат на фудбалерот нешто подоцна во сезоната, но пред Светското првенство во 2022 година кое започнува во втората половина на ноември.

Федерико Киеза му се приклучи на Јувентус од Фиорентина во октомври 2020 година, постигнувајќи 18 гола и 14 асистенции во 61 натпревар во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови