Фудбалската ѕвезда Килијан Мбапе бил цел за киднапирање од страна на криминална група во неговата родна Франција, пренесува „Ле Паризиен“. Сепак, планот бил спречен откако полицијата уапсила 18-годишен тинејџер — Клеман Л., како и уште еден маж, негов соучесник.
Освен капитенот на француската репрезентација и стрелец на Реал Мадрид, цел за киднапирање биле и бизнисмени, како и еден рапер.
Клеман Л. е задржан во притвор и ставен во изолација, додека неговиот претпоставен соучесник е ослободен под судски надзор.
Тие биле уапсени на 21 август во Нантер (департман От-де-Сен) за кражба.
18-годишниот маж, слаб и со долга коса, е осомничен како нарачател на серија напади во домовите на жртвите, како и на планирани или подготвувани киднапирања, извршени или подготвувани во периодот од 11 април до 19 август во Неји на Сена, Сен-Брис-су-Форе (департман Вал д’Оаза) и Сантене (департман Кот д’Ор).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













