Претседателот на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Садетин Саран, e приведен вечерва во клупските простории, соопштија од клубот. Од Фенербахче појаснуваат дека станува збор за постапка во рамки на тековна истрага.
Претходно, турските медиуми објавија дека Саран бил позитивен на тест за наркотици, направен како дел од истрага поврзана со наводно ширење на недозволени супстанци.
Клупското раководство се огласи со официјално соопштение во кое изрази целосна поддршка и доверба дека нивниот прв човек ќе ја надмине оваа ситуација со „разум и цврстина“.
„Активностите во интерес на клубот продолжуваат непречено. Убедени сме дека г-дин Саран наскоро ќе го остави овој период зад себе и ќе продолжи посветено да работи за иднината на Фенербахче“, се наведува во соопштението на „жолто-сините“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













