Connect with us

Уапсен хулиганот кој му удри бокс среде терен на Бошко Ступиќ (ВИДЕО)

Полицијата во Тетово објави дека е уапсен навивачот на Тетекс кој направи голем инцидет на денешниот меч од Втората фудбалска лига против Каменица Саса (0-2). Тој влета во терен и го удри со тупаница напаѓачот на гостите Бошко Ступиќ.


„Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, информираа од тетовската полиција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови