Македонските фудбалери од селекцијата до 17 години триумфираа со 1-3 на гостувањето против БиХ, на првиот од двата контролни натпревари против овој ривал што се играат во Љубушки.
Избраниците на селекторот Канатларовски од самиот почеток наметнаа силно темпо, па уште во првото полувреме стигнаа до водство од 0-2 со головите на Чилафи, првиот на асистенција на Стојановски, а вториот по додавањето на Илјази. БиХ намали од пенал преку Диздаревиќ, но печат на заслужената победа стави Елези со убав погодок во 84. минута.
Судијата досуди уште еден пенал за БиХ во 86. минута од натпреварот, но голманот Стефан Тасев го одбрани ударот од белата точка што го изведе Јапаур.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













