Connect with us

Турците знаат како треба: Никогаш Северна, само Македонија! (ФОТО)

МАКФУДБАЛ во Истанбул,

Пријателскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Турција и Македонија започнува во 19:30 часот по македонско време, а трибините на стадионот на Фенербахче во Истанбул полека се исполнуваат со навивачи. Се очекуваат преку 50.000 фанови на вечерашниот меч.


Голем број љубители на фудбалот веќе пристигнуваат на арената, додека околината на стадионот е исполнета со штандови на кои се продаваат различни сувенири поврзани со турската репрезентација и со самиот натпревар.

Добрата атмосфера и пријателските односи меѓу двете земји можат да се забележат и преку понудените сувенири. На нив јасно е наведено дека Турција игра против Македонија, без дополнителни ознаки, кратенки или формулации кои би можеле да предизвикаат негативни реакции кај македонската јавност. Овој гест беше позитивно прифатен од присутните македонски навивачи во Истанбул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови