Connect with us

Турците му дадоа отказ на Монтела по четирите порази во Лигата на нации

Италијанскиот тренер Винченцо Монтела веќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Турција. По серијата разочарувачки резултати во Лигата на нации, турската федерација му врачи отказ на стратегот кој беше на оваа позиција од 2023 година.

​За само дваесетина дена, Турција забележа четири порази на четири натпревари во Лигата на нации.

Турците претрпеа порази од Италија (3-1 на гости и 1-4 дома), Белгија (3-0 на гости) и Франција (0-1 дома). Иако се работеше за дуели против европски и светски велесили, раководството на федерацијата немаше разбирање за негативната серија.

​Монтела ја напушта клупата по 40 натпревари, задржувајќи позитивен биланс од 21 победа, пет нерешени средби и 14 порази (од кои дури четири во последниот месец).

Изминатото лето тој ја предводеше Турција и на Светското првенство, каде по воведните два порази не успеа да ја помине групната фаза, иако Мундијалот го заврши со победа над репрезентацијата на САД.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови