Селекторот на репрезентацијата на Англија, Томас Тухел, е подготвен да повлече сензационален потег. Доколку Џуд Белингам не биде целосно здрав, нема да патува на Светското првенство.
Откако ја презеде селекцијата на Англија, германскиот стратег бележи врвни резултати. На 10 натпревари има девет победи и еден пораз, а во натпреварувачките мечеви е совршен со биланс 8-0.
Англија на Светското првенство ќе отпатува како еден од фаворитите. Со Тухел се надеваат дека трофејот конечно ќе се „врати дома“, а одличниот стручњак планира на Мундијалот да ги одведе само најподготвените, па лесно може да се случи да направи и сензационален потег.
Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, би можел да остане без настап на СП. Тој во моментов е надвор од терените поради повреда и не се очекува брзо враќање.
Постојаните проблеми со повреди и прилично слабата форма на 22-годишната ѕвезда би можеле скапо да го чинат. Тухел е подготвен за голема одлука и јасно порача дека нема да води никого што не е стопроцентно подготвен за игра.
„Тухел е подготвен да го изостави Белингам од списокот на патници за Светското првенство ако не биде 100 отсто подготвен за турнирот. Пораката од стручниот штаб е јасна – само играчи кои се во врвна форма и целосно физички подготвени ќе патуваат на СП. Имињата не се важни“, наведуваат англиските медиуми.
Белингам веќе започна да работи со топка. Во април се очекува негово враќање на терените, но останува да се види дали ќе има доволно време да ја фати вистинската форма.
Отсуството на 22-годишниот играч за врска од списокот за Светското првенство би било вистинска катастрофа за него. Тој е еден од носителите на играта на гордиот Албион, но Тухел нема милост без разлика за кое име станува збор.
Иако има само 22 години, Белингам веќе одигра 46 натпревари за Англија и постигна шест гола.
Оваа сезона во Реал Мадрид не блеска. Најчесто беше надвор од форма, а повредата дополнително го исфрли од ритам.
Вкупно, Англичанецот одигра 28 натпревари со учинок од шест гола и четири асистенции.
Англија на Светското првенство ќе игра во групата Л заедно со Хрватска, Гана и Панама.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













