Connect with us

Црвено-црна еуфорија: Вардарци ги дочекаа како да освоиле Лига шампиони (ФОТО)

Вардар е повторно во Првата лига, таму каде што припаѓа. Најтрофејниот македонски клуб успеа да се врати во елитата откако последните две сезони се мачеше во второлигашка конкуренција.

Вардарци денеска го добија баражот против Скопје со 3-0, а беа спектакуларно пречекани од своите фанови кај Триумфалната порта во центарот на главниот град.

Црвено-црната еуфорија беше толку голема, што наликуваше како Вардар да ја освоил Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови