Црвена Звезда продолжува без грешка во квалификациите за Лигата на шампионите. Српскиот шампион со уште една убедлива победа над Ларне од Северна Ирска, овојпат со 5-0 на домашен терен, обезбеди пласман во третото квалификациско коло со импресивни 9-0 во вкупниот резултат.
По убедливите 0-4 во првиот меч на гостински терен, белградскиот тим на „Рајко Митиќ“ само ја потврди разликата во квалитет. Катаи ја најави победата уште во 4. минута, а во финишот на првото полувреме Марко Арнаутовиќ зголеми на 2-0 со погодок во судиското продолжение.
„Црвено-белите“ не застанаа ниту по паузата. Лоизу во 49. минута погоди за 3-0, а Арнаутовиќ со својот втор гол на натпреварот во 60. минута ја завери убедливата победа.
Букари во 79. минута го постави конечниот резултат 5-0 и стави точка на уште една сигурна европска претстава на српскиот првак.
Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов и Левски Софија обезбедија продолжување на европската сезона, откако бугарскиот шампион го елиминира Универзитатеа Крајова во второто квалификациско коло.
Левски одигра 2-2 на гостувањето во Романија и ја одбрани предноста од првиот натпревар, кога славеше со 1-0 во Софија.
Бугарскиот тим одлично го започна реваншот и за само три минути стигна до голема предност. Евертон погоди во 13. минута, а Невес во 16. минута зголеми на 0-2.
Сепак, домаќинот не се предаде. Банку во финишот на првото полувреме намали на 1-2, а Рус веднаш по паузата израмни на 2-2.
Универзитатеа Крајова во продолжението тргна по целосен пресврт, но Левски успеа да го издржи притисокот и да го зачува резултатот кој го однесе во следната рунда.
Пласман во третото квалификациско коло обезбеди и Фенербахче. Турскиот гигант одигра 1-1 на гостувањето кај Горњик Забже, но благодарение на минималната победа од 1-0 на домашен терен продолжува понатаму во борбата за место во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













