Connect with us

„Црната серија“ на Де Хеа заврши после пет и пол години (ВИДЕО)

Давид де Хеа ја спаси победата на Манчестер Јунајтед од 1-2 над Вест Хем во еден од најинтересните натпревари од петтото коло во Премиер – лигата. Шпанскиот голман му одбрани пенал на Марк Нобл во судиското продолжение од мечот.


Ова е прв одбранет пенал за Де Хеа во изминатите пет години. Тој безуспешно се обидуваше да одбрани 40 пенали во изминатите пет и пол години на голот на Манчестер Јунајтед и на селекцијата на Шпанија.

Уште откако го одбрани пеналот на Ромелу Лукаку во април 2016 година, Шпанецот немаше одбрана од 11 метри се до денешниот удар на Марк Нобл. Црната серија на Де Хеа конечно заврши.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови