Мите Цикарски ја продолжува својата кариера во Газ Метан, откако денеска и официјално потпиша договор на една и пол сезона со овој романски прволигаш. Левиот бек од претходно ги имаше договорено условите за соработка со романскиот клуб, па откако доби раскин на договорот со Јанина и официјално беше промовиран во новата екипа.
Цикарски претходно настапуваше и за тимот на Етникос, додека во македонското првенство овој фудбалер ги бранеше боите на Вардар и на Работнички.
Газ Метан моментно е на деветтата позиција на табелата, но овој тим се наоѓа во огромна криза, немајќи победа во последните десет кола од романскиот шампионат, од триумфот од 2-0 над Волунтари на 12 ноември 2018 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski