Еден од клучните фудбалери на Шкендија, Клисман Цаке, не го криеше задоволството по синоќешната победа од 1-0 против романскиот шампион ФЦСБ во рамки на второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Македонскиот шампион одигра зрело и организирано на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и со тоа стигна до важна победа, која претставува одлична основа пред реваншот во Букурешт за седум дена.
„Победата е целосно заслужена. Игравме дисциплинирано, со стабилна одбрана и особено добар напад во второто полувреме, кога и го постигнавме голот“, изјави Цаке по мечот.
„Сепак, мора да останеме приземни и без премногу еуфорија, бидејќи нè чека уште 90 минути игра. Свесни сме дека натпреварот во Букурешт ќе биде многу потежок, но мораме да најдеме сила за уште еден позитивен резултат. Имаме доволно мотивација и верувам дека ќе бидеме максимално подготвени за предизвикот кој не очекува“, дополни дефанзивецот на Шкендија.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













