Баер Леверкузен го совлада Унион Берлин со 2-0 во шестото коло од Бундес-лигата и за кратко се искачи меѓу првите четири тимови на табелата.
„Фармацевтите“ беа подобриот тим и заслужено ги освоија бодовите, благодарение на головите на Ернест Поку и Кристијан Кофане. Погодоците паднаа во 33. и 49. минута, што на крај се покажа како доволно за триумф.
Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг одиграа 1-1. Баумгартнер даде гол за гостите во првото полувреме, а конечниот резултат го постави Бразилецот Јан Коуто.
Аугсбург на домашен терен го победи Волфсбург со 3-1, додека Вердер Бремен оствари минимална победа против Сент Паули со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













