Connect with us

Три црвени картони, два гола и триумф на Мексико на стартот на Светското првенство (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Мексико со сигурни 2-0 ја совлада Јужна Африка на стадионот Ацтека во натпреварот од првото коло во групата А на Светското првенство 2026.

Избраниците на Хавиер Агире ја оправдаа фаворитската улога и без поголеми проблеми стигнаа до трите бода, а во тоа им помогнаа и неколкуте големи грешки на противникот, кои домаќинот знаеше рутински да ги казни.

Значајна улога на натпреварот имаше и бразилскиот судија Вилтон Сампајо, кој покажа дури три директни црвени картони – два за Јужна Африка и еден за Мексико.

Мексиканците уште од самиот почеток го наметнаа својот ритам и први се заканија преку Раул Хименез, чиј удар од работ на шеснаесетникот го одбрани голманот Ронвен Вилијамс.

Сепак, во 9. минута следуваше клучниот момент. По недоразбирање во одбраната на Јужна Африка, Лира ја одзеде топката, која стигна до Хулијан Кињонес, а напаѓачот без проблеми погоди за водство од 1-0.

До крајот на првото полувреме Мексико создаде уште неколку можности. Вилијамс повторно одлично интервенираше по ударот на Хименез, а Кињонес ја погоди и стативата, па резултатот остана непроменет.

Вториот дел започна кошмарно за африканската селекција. Во 50. минута Ситоле повторно направи грешка при изнесувањето на топката, а само неколку моменти подоцна заработи директен црвен картон по стартот над Гутиерез како последен играч во одбраната.

Бројната предност дополнително ја олесни задачата за Мексико, кое долго ја контролираше играта и чекаше нова шанса. Таа пристигна во 67. минута кога Хименез одлично реагираше по центаршутот на Роберто Алварадо и со удар со глава ги постави конечните 2-0.

Сите дилеми беа решени во 83. минута кога резервистот Цване без топка удри противнички играч, по што по ВАР-проверката заработи директно исклучување и ја остави својата репрезентација со деветмина на теренот.

Во самиот финиш и Мексико остана со играч помалку. Капитенот Сезар Монтес направи невнимателен прекршок над Мудау, а Сампајо без двоумење му покажа директен црвен картон – трет на натпреварот.

На крајот, очекувана победа за Мексико, кое направи голем чекор кон пласман во нокаут-фазата, додека Јужна Африка се најде во незавидна ситуација уште по првото коло.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови