
Макфудбал во Вадуц,
Фудбалската федерација на Македонија убедливо го совлада Лихтенштајн со 0-3 во првиот квалификациски меч од циклусот за СП 2026. Три гола за воведни три бода и за фаќање залет за пресметката со Велс за три дена во Скопје. Многу важен меч за нас, затоа што со триумф, ете нѐ во сериозна игра, со фудбалска верба дека можеме и на мундијал. Продолжи и серијата на Столе Димитриевски на победи со „чиста мрежа“.
Македонија беше доминантна на мечот во Вадуц. Александар Трајковски го отвори резултатот во осмата минута со удар со глава, откако Бојан Миовски продре по левата страна, го мина и голманот и го „погоди во око“ својот соиграч.
Пред крајот на првото полувреме, Висар Муслиу зголеми на 0-2. Во 42.минута, по корнетот на Енис Барди од десната страна, дефанзивецот реагираше голгетерски и со акробатски шут ја закова топката во противничката мрежа.
Во финишот од дуелот, Бојан Миовски ја заокружи добрата асистенција и со погодок за 0-3. По нафрлувањето од левата страна, тој со волеј удар погоди на вистинското место.
Натпреварот имаше посебни емоции, им беше оддадена почит на настраданите во огромната трагедија во Кочани.
За три дена во Скопје, сите на арената „Тодор Проески“, затоа што доаѓа Велс, а ние посакуваме уште еден триумф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ница прва го победи ПСЖ во Франција оваа сезона

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер

Евро-фудбал
Ливерпул е фаворит за потписот на Милош Керкез
