По поразот од Арсими на домашен терен, Силекс со гостување кај Работнички ја завршува годината. Кратовци со максимален респект кон противникот, влегуваат во пресметката во која се надеваат дека ќе ги однесат бодовите со себе во Кратово, и победнички да заминат на паузата меѓу двете полусезони.
Фудбалерот на Силекс, Илија Донов вели дека позицијата на табелата на противникот не смее да „залажува“ дека ќе биде лесно, туку очекува интересен натпревар, и битка до самиот крај за победата.
„Мислам дека ќе биде многу интересен натпревар. Бодовите се потребни и на двата тима, и очекувам една отворена и машка игра денеска. Сметам дека Работнички не го заслужува местото каде што се наоѓа. Има многу подобра екипа од тоа што го покажува табелата. Ние сме подготвени да дадеме максимум и да ги освоиме бодовите. Атмосферата малку падна после поразот од Арсими на домашен терен, но сметам дека ќе се „кренеме“ и дека денеска секој од нас ќе даде максимум за Силекс да ја заврши годината како што треба, и да ги освои бодовите и потоа мирно да заминеме на паузата“, рече Донов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













