Connect with us

Трент Александер-Арнолд се враќа во Ливерпул на позајмица?

Трент Александер-Арнолд би можел да се врати во Ливерпул само неколку месеци по заминувањето од „Енфилд“. Англискиот десен бек, кој минатото лето го засили Реал Мадрид, повторно е во плановите на својот поранешен клуб, а наводно се разгледува можноста за негов ангажман уште во јануарскиот преоден рок.

Според информациите, Ливерпул веќе воспоставил контакт со претставниците на фудбалерот и активно ја испитува можноста за негово враќање. Првичната идеја е трансферот да биде реализиран како позајмица.

Сепак, постојат две сериозни пречки за евентуалната реализација на зделката. Првата е високата плата на Александер-Арнолд, додека втората е неговото блиско пријателство со Џуд Белингам, соиграчот од Реал Мадрид, што би можело да влијае врз неговата одлука.

Во случај англискиот репрезентативец да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, се очекува Жозе Мурињо да побара од раководството на Реал да го ангажира Педро Поро од Тотенхем како негова замена.

Трент Александер-Арнолд е производ на фудбалската школа на Ливерпул, во која пристигна во 2004 година. По повеќе од две децении во клубот, во 2025 година реши да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

Во актуелната сезона во Ла Лига, 28-годишниот дефанзивец има шест настапи и една асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови