МАКФУДБАЛ во Лозана,
Tренерот на Лозана, Питер Цајдлер, најави неизвесен натпревар вечерва против Вардар во реваншот од второто квалификациско коло во Конференциската лига, кој, според него, лесно може да оди и во продолженија.
„Не ме изненади офанзивниот пристап на Вардар, но ние не успеавме да бидеме доволно опасни. Тие водат, но не верувам дека ќе се бранат цел натпревар“, рече Цајдлер.
Според стратегот на швајцарскиот тим, условите во Скопје му одговарале на Вардар – жешко време и терен со природна трева.
Но, вечерва (20.15 часот) во Швајцарија, Лозана ќе игра на свој терен, на вештачка подлога, на која домашните фудбалери се навикнати.
„Можеби изгледа како ситница, но на ова ниво – секој детаљ може да направи разлика. Сметам дека квалитативно сме израмнети со Вардар. Сè е отворено, шансите се 50 – 50“, додава Цајдлер, кој се повикува на силниот домашен настап против Винтертур како пример дека неговиот тим има сили да го сврти резултатот.
„На нашиот терен, со нашите навивачи, верувам дека можеме да израмниме. Потоа ќе видиме дали ќе победиме со два гола и ќе го решиме мечот уште во регуларниот дел.“
Реваншот се игра вечерва со почеток од 20.15 часот на стадионот „Ла Туилиер“ во Лозана. Победникот од овој двомеч ќе се соочи со Зимбру од Молдавија или Астана од Казахстан, чии прв меч заврши без победник, 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?













