Шкендија утре од 21 часот ќе му гостува на Хибернијан во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига.
Во пресрет на дуелот, тренерот на шкотскиот тим, Дејвид Греј, на официјалната прес-конференција истакна дека очекува тежок натпревар и порача дека неговиот тим ќе мора да биде на највисоко ниво.
Греј откри дека Калум Рајт се враќа во комбинација за настап, додека Џејми Мекграт и Ники Каден и понатаму се надвор од тимот поради повреди.
„Калум Рајт тренираше и ќе биде во составот за утрешниот натпревар. Она што морам да го истакнам е дека нè очекува квалитетен противник. Во оваа фаза од натпреварувањето нема лесни ривали. Мораме да бидеме на највисоко ниво, како што бевме минатата сезона против Партизан. Таква партија ќе ни биде потребна и утре ако сакаме позитивен резултат“, изјави Греј.
Победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман во плејофот за влез во групната фаза на Конференциската лига.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













