Connect with us

Тите: Тренерите што мислат дека Нејмар е крило се магариња

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите гостуваше во подкастот Sexta Estrela и во него, меѓу другото, зборуваше и за Нејмар. Тој во последните години често беше оспоруван, а ситуацијата дојде до тој степен што Пари Сен Жермен се обидува да се ослободи од него. Тите смета дека проблемот е во неговата позиција.

“Тренерите кои го употребуваат Нејмар на крило за мене се магариња. Тоа само го ограничува неговиот квалитет и креативност. Тој не е проблемот, тој е решението“ – вели Тите.

Кога Тите во 2016 годиан ја презеде бразилската репрезентација и тој го користеше Нејмар на крилната позиција. Постепено го префрли на средината и сега 30-годишниот Нејмар повеќе не игра за Бразил на позицијата за која се уште игра во ПСЖ. Нејмар се истакнува во дресот на Бразил и на 119 настапи постигна 74 гола. Потребни му се само уште четири за да го престигне Пеле и да стане најдобар стрелец во историјата на Бразил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови