Connect with us

Тренчовски: Пролетните успеси се дело само на фудбалерите

Стратегот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски не го крие задоволството од стартот на пролетниот дел од сезоната на својата екипа. „Пандевци“ се веќа на пат кон финалето во Купот на Македонија, а по последниот триумф на гостувањето против Работнички во Скопје од 1-2 веќе јасно се навестува определбата за битка за втората позиција и во шампионатот. 

„Нашата прва цел, опстанок от во Првата лига е исполнета. Моите фудбалери се најзаслужни за овие актуелни резултати. Нивната одлична форма беше потврдена и со повикот на пет фудбалери во младата репрезентацијата на Македонија за турнирот во Турција. Горд сум на тоа што го реализираат на терен во пролетната сезона, и верувам дека ќе продолжиме во ист стил и понатаму“ – вели стратегот на „пандевци“. 

Веќе во сабота Академија Пандев ја очекува дуел против Силекс, екипа која на четири натпревари во пролетниот дел од сезоната се уште нема пораз.

„Силекс е тим кој имаше големи промени во трансфер периодот. Донесоа нови десет играчи и сега играат многу поагресивен фудбал, особено во средниот ред. Ние сме млад тим кој има многу осцилации, но ќе одиме на победа како и на секој друг натпревар“ – додава Тренчовски. 

Натпреварот од 21. коло во ПМФЛ на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одигра во сабота со почеток во 14 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови