Connect with us

Тренчовски е нов тренер на Олимпија Љубљана: “За работа во ваков клуб, пешки се тргнува од Македонија”

Македонскиот фудбалски стратег направи голем чекор во кариерата и го презеде кормилото на еден од најголемите клубови во Словенија, потпишувајќи едногодишен договор со опција за продолжување.

​По одличната сезона во Радомље, каде што остави силен впечаток, 49-годишниот Тренчовски доби доверба да го предводи словенечкиот шампион.

​Тренчовски зад себе има богато искуство — работеше во Кувајт (Ал-Араби) и Македонија (Брера, Беласица, Хоризонт Турново, Кожуф), а беше и спортски директор на Академија Пандев и селектор на македонската У19 репрезентација. Познат е како стратег кој развива млади играчи и им дава максимална слобода во играта.

​На официјалната промоција, македонскиот стручњак не го криеше воодушевувањето од новиот ангажман:

​„Ова е најголемиот предизвик во мојата кариера. Огромна чест е да се води најголемиот клуб во Словенија. Кога Олимпија ве повикува, пешки ќе тргнете од Македонија само за да стигнете тука.

​Олимпија секогаш мора да се бори за трофеи. Сакам доминантен, брз и напаѓачки фудбал. Барам од играчите да немаат страв од грешки, туку да играат со храброст и висока самодоверба.“

​Пред Тренчовски сега е најголемиот испит досега — од него се очекува нападот на словенечката титула и забележителен резултат во европските купови со популарните „змејови“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови