Дани Карвахал беше на чекор од враќање во Ла Лига, но неговиот трансфер во Хетафе сега е сериозно загрозен поради финансиските правила на шпанското првенство.
Поранешниот десен бек на Реал Мадрид веќе ги минал лекарските прегледи и постигнал договор со Гетафе, но клубот не добил дозвола да го регистрира. Според шпанските медиуми, проблемот е начинот на кој Ла Лига ја проценува вредноста на договорот на искусниот фудбалер.
Карвахал од 30 јуни е слободен агент, откако му истече договорот со Реал Мадрид. Наводно, 34-годишниот Шпанец бил подготвен да прифати значително пониска плата за да остане во Мадрид и да продолжи со кариерата во Гетафе.
Сепак, токму висината на договорот се покажала како пречка.
Според „Кадена СЕР“, Карвахал требало да заработува околу 400.000 евра годишно, сума која е далеку под неговите примања што ги имаше во Реал Мадрид. Економската контрола на Ла Лига, пак, смета дека за играч со неговиот статус, кариера и претходни заработки не може едноставно да се пријави толку ниска плата.
Наместо да ја земе предвид само сумата што фудбалерот и клубот ја договориле, комисијата задолжена за економската проценка може да утврди повисока вредност која потоа ќе се пресметува во лимитот за трошоци на клубот.
Слична ситуација имаше и во 2021 година, кога Лионел Меси требаше да потпише нов договор со Барселона со минимална плата. И тогаш Ла Лига процени дека таквиот износ не одговара на реалната вредност на договорот.
Според „Мундо Депортиво“, Хетафе веќе го надминал дозволениот лимит за трошоци за составот, па затоа не може едноставно да го регистрира Карвахал со плата по сопствен избор.
Правилата на Ла Лига предвидуваат вредноста на договорот да се проценува врз основа на повеќе фактори, меѓу кои возраста на фудбалерот, неговата пазарна вредност, претходните договори и други околности поврзани со трансферот.
Така, трансферот кој во вторникот изгледаше практично завршен, само 24 часа подоцна се најде под голем знак прашалник.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Капинковски го објави списокот за Македонија У19
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Ливерпул се разбуди, а Челси загуби (ВИДЕО)













