Connect with us

Трансферот е реалност: Винисиус Жуниор ги договорил личните услови со Арсенал

Англискиот шампион Арсенал постигнал начелен договор за личните услови со бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, тврди еден од најпознатите навивачки профили на „топчиите“ на социјалните мрежи, HandofArsenal, кој важи за доверлив извор на информации поврзани со клубот.

Раководството на лондонскиот клуб наскоро ќе испрати официјална понуда до шпанскиот гигант, иако засега не е откриено колку ќе изнесува обесштетувањето.

Арсенал е подготвен да му понуди на Винисиус рекордна плата во историјата на клубот. Бразилецот моментално заработува околу 400.000 фунти неделно во Реал Мадрид, но англискиот шампион е подготвен да му понуди двојно поголема сума.

Во Реал Мадрид со загриженост ја следат ситуацијата, особено поради тоа што Винисиус сè уште не го продолжил договорот. Доколку не ја прифати последната понуда за нова соработка, клубот е подготвен да го продаде до крајот на летниот преоден рок.

Се очекува менаџерската агенција на бразилскиот репрезентативец да изврши силен притисок врз Реал Мадрид, користејќи ја богатата понуда на Арсенал како главен адут во преговорите.

Во меѓувреме, претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, ги демантираше информациите дека Винисиус веќе постигнал договор со Арсенал.

„Разговарав со неговиот агент за да проверам дали тоа е вистина. Ми кажа дека нема ништо од тоа“, изјави Перез.

Винисиус Жуниор пристигна во Реал Мадрид во летото 2018 година и има договор со клубот до крајот на следната сезона. Досега за „кралскиот клуб“ има одиграно 375 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигнал 128 голови и забележал 100 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови