Македонската фудбалска репрезентација продолжува со позитивната серија во мундијалските квалификации – во Астана, на незгодното гостување против Казахстан, оствари минимална, но вредна победа од 0-1. Стрелец на единствениот гол беше Александар Трајковски, кој уште еднаш ја презеде одговорноста кога беше најпотребно.
По натпреварот, Трајковски скромно ја спушти топката на земја, нагласувајќи дека најважна е – тимската победа.
„Не е важно кој го дава голот, важно е да победуваме. Знаевме дека ќе биде тежок меч, но одигравме зрело, тимски, и најбитното – ги освоивме трите бода“, изјави Трајковски.
Македонија одигра четири натпревари во овој квалификациски циклус – без ниту еден пораз. Со две победи и две ремија, „црвено-жолтите“ имаат осум бода и моментално котираат одлично во групата.
„Многу играчи настапија пред само три дена, патувавме долго, навистина беше незгодно. Но кој и да игра – дава максимум. Измените ни донесоа свежина. Во вакви мечеви најважно е да се освојат три бода. Среќата доаѓа кај тие што работат напорно“, додаде Трајковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













