МАКФУДБАЛ во Палермо,
Стрелецот на победничкиот гол за македонската фудбалска репрезентација Александар Трајковски кој го имаше натпреварот на кариерата во триумфот против Италија вели дека националниот тим уште се освестува за чудото што го направи.
„Уште не сме свесни што направивме синоќа. Многу сум среќен затоа што го заслужуваме ова и ние и цела Македонија. Нема да застанеме тука. Верувавме во себе и тоа нè награди. Нè чека уште една борба до историски пласман на СП“ – вели Трајковски.
Трајковски детално го објаснува моментот на постигнувањето на голот.
„Очекував да има продолженија, но кога ја видов топката како доаѓа кон мене, со последни сили успеав да шутирам. Цел фокус го ставив на тој последен шут и едноставно како да беше судено дека постигнам гол на тој стадион каде што минав четири убави години“.
Смета дека Македонија може да се надигрува со Португалија.
„Сега треба добро да се одмориме, а потоа да се подготвиме за Португалија. Играме против репрезентација со многу индивидуални квалитети, но спремни сме и веруваме дека можеме да истрчаме на терен и да докажеме дека можеме да се надигруваме и со нив. Знаеме дека ќе биде тешко, ама во фудбалот се прават чуда за кои никои не веруваат“ – завршува Трајковски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski