Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове). На последниот тренинг, во нашата најдобра селекција се приклучија напаѓачите Александар Трајковски, Милан Ристовски, дефанзивецот Ѓоко Зајков и голманот Столе Димитриевски.
Напаѓачот на Хајдук Сплит, Александар Трајковски, вели дека нѐ очекува одличен натпревар против Хрватска.
„Хрватска е голема репрезентација и одличен тест за нас. Како и во минатото и сега треба да покажеме дека можеме да се носиме со вакви силни репрезентации. Но, исто така, ова ќе биде добра контрола и за Хрватска која се подготвува за Европско првенство и мислам дека ќе биде добар натпревар. Искрено, и јас и сите во нашата репрезентација веруваме во добар резултат. Ќе се обидеме и ќе го дадеме максимумот за да го постигнеме тоа. Едноставно да покажеме какви се нашите идеи и за натпреварите во септември во Лига на нации“, изјави Трајковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“













