Трагична вест пристигнува од Црна Гора, каде што поранешниот фудбалски репрезентативец на оваа земја, Андрија Делибашиќ, ја загуби најважната битка.
Поранешниот голгетер на Партизан имаше само 43 години, но веќе две години се бореше со тешка болест, откако му беше дијагностициран тумор на мозокот. Тој беше опериран во Белград, а подоцна стана и спортски директор на Будуќност, но болеста се врати и, за жал, борбата имаше тажен крај за Делибашиќ.
Делибашиќ како 14-годишно момче пристигна во Партизан од Сутјеска, минувајќи девет години во српскиот фудбалски гигант. Пет сезони беше дел од првиот тим на „црно-белите“ и постигна гол во групната фаза од Лигата на шампионите против Порто во сезоната 2003/04, кога на клупата на португалскиот тим беше Жозе Мурињо.
Потоа настапуваше за Мајорка, Бенфика, Брага, АЕК, Беира Мар, Реал Сосиедад, Рајо Валјекано, Рачабури од Тајланд и Сутјеска, клубот во кој во 2015 година ја заврши својата играчка кариера.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













