Фудбалската јавност во Македонија е во шок по трагичната вест за смртта на младиот 21-годишен фудбалер Даниел Николовски. Тетовскиот талент го загуби животот синоќа во тешка сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец од клучката за Маврово кон Гостивар.
Николовски бележеше забележителен развој во својата кариера. Инаку дете на Тетекс, тој го облече и сениорскиот дрес на „текстилците“, за кои забележа 38 настапи и постигна пет погодоци. Меѓутоа, посебно ќе се памети неговиот голгетерски бран во пролетниот дел од сезоната 2021/22, кога во младинската категорија на Тетекс постигна неверојатни 32 гола.
Покрај матичниот клуб, тој настапуваше и на интернационалната сцена во редовите на германскиот нисколигаш Релинген Фремерсдорф и хрватскиот тим Хрватски Витез од Задар, додека летово пристигна како големо засилување за амбициозниот третолигаш Дрита од Боговиње.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













