Шокантни информации пристигнуваат од Еквадор, каде што поранешниот фудбалски репрезентативец Марио Пинеида трагично го загуби животот во насилен напад во градот Гвајакил. Во истиот инцидент смртно настрадало и женско лице, чиј идентитет засега не е познат.
Првичните шпекулации беа дека станува збор за неговата сопруга, но подоцнежните информации открија дека Пинеида во моментот на нападот бил во друштво на непозната жена и својата мајка. Мајката преживеала, но се здобила со повреди.
Сликите и видеата кои кружат од местото на настанот се вознемирувачки, а клубот Барселона од Гвајакил официјално ја потврди трагичната смрт на својот фудбалер.
„Со огромна тага ја известуваме јавноста дека нашиот играч Марио Пинеида го загуби животот во насилен напад. Оваа трагедија длабоко нè погоди сите во клубот“, стои во соопштението на Барселона.
Надлежните органи започнаа истрага, но засега нема официјални информации за идентитетот на напаѓачот, ниту за можните мотиви зад овој крвав настан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













