Тотенхем покажува интерес за крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, пренесува шпанскиот весник „АС“. Премиерлигашот од Лондон се приклучува на сѐ поголемиот број клубови заинтересирани за Бразилецот, меѓу кои веќе се наоѓаат Ливерпул, Баерн Минхен, Арсенал и Челси.
По успехот во Лига Европа, раководството на Тотенхем има за цел не само да го задржи клучниот состав, туку и дополнително да го зајакне. Претседателот на клубот, Даниел Леви, ќе се обиде да ја намали цената за Родриго под 90 милиони евра – износот што го бара Реал Мадрид.
Засега ниту еден од заинтересираните клубови не започнал директни преговори со „кралевите“. Контактите досега се воделе само на неофицијално ниво преку агентите на фудбалерот. Самиот Родриго сака прво да разговара со тренерот на Реал, Чаби Алонсо, пред да донесе одлука за својата иднина.
Во минатата сезона во Ла Лига, Родриго одигра 30 натпревари, постигна шест голови и забележа пет асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













