Англискиот премиерлигаш Тотенхем внимателно ја следи ситуацијата со голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, објавува каталонскиот весник „Спорт“. Според истиот извор, раководството на клубот од Лондон е сè понезадоволно од формата на актуелниот прв чувар на мрежата, Гиљелмо Викарио, поради што се размислува за ангажман на сериозна конкуренција на голманската позиција.
Италијанецот во изминатиот период направи неколку крупни грешки, што кулминираше со незадоволството на навивачите, кои го исвиркаа по киксот во поразот од Фулам. Тоа дополнително ја влоши неговата позиција во клубот.
Од друга страна, Барселона има интерес да се раздели со Тер Штеген, пред сè поради неговата висока плата. Минатото лето односите меѓу клубот и германскиот голман значително се нарушија откако на „Камп Ноу“ пристигна Жоан Гарсија од Еспањол и веднаш беше назначен како нов прв избор меѓу стативите. Тер Штеген одби трансфер и наместо тоа се реши на операција, поради која неколку месеци беше надвор од терените.
Германецот се врати во акција настапувајќи во натпревар од Купот на кралот, но веќе во јануари планира да пронајде средина во која ќе има редовна минутажа, со цел да биде целосно подготвен за Светското првенство во 2026 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













