Тотенхем испратил понуда вредна 47 милиони фунти за крилниот напаѓач на Бенфика, Андреас Шелдеруп, пренесува „Canal Now“.
Норвешкиот репрезентативец го привлече вниманието со одличните настапи на Светското првенство во 2026 година. Претходно имал можност да се пресели во Ливерпул, но ја одбил понудата на клубот од „Енфилд“.
Шелдеруп има договор со Бенфика до летото 2028 година, а неговата откупна клаузула изнесува 86 милиони фунти. Португалскиот клуб е во силна преговарачка позиција и речиси сигурно ќе ја одбие понудата на Тотенхем, барајќи значително повисока сума за трансфер.
Тотенхем е исклучително активен во актуелниот преоден рок. Лондонскиот клуб досега ги ангажираше Јан Пол ван Хеке од Брајтон за 60 милиони евра, Матеуш Фернандеш од Вест Хем за 99 милиони евра и Сандро Тонали од Њукасл за 108 милиони евра. Како слободни агенти, пак, пристигнаа Маркос Сенеси, Мартин Дубравка и Енди Робертсон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













