Connect with us

Тотенхем му нуди нов договор на Ван де Вен

Раководството на Тотенхем подготвува понуда за нов договор на дефанзивецот Мики ван де Вен. Холандскиот репрезентативец привлекува сериозен интерес од водечки европски клубови, а летово неговото име беше поврзувано со Ливерпул и со Реал Мадрид. Поради тоа, Тотенхем сака долгорочно да го обврзе и на тој начин да ги одбие заинтересираните клубови за неговиот потпис.

Актуелниот договор на Ван де Вен важи до 2029 година, но според информациите на „Атлетик“, раководството на Тотенхем сака да ја продолжи соработката и да му понуди значително зголемување на платата.

Откако се приклучи на Тотенхем, Ван де Вен се етаблираше како еден од клучните столбови во одбраната на тимот. Сепак, тој е корисен и во нападот – има постигнато девет голови и две асистенции на 74 официјални натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови