Напаѓачот на Тотенхем, Мохамед Кудус, ќе пропушти неколку од претстојните натпревари на тимот поради повреда. Според британските медиуми, лекарските прегледи покажале повреда на бутниот мускул.
Ситуацијата може да го натера раководството на Тотенхем да се активира на јануарскиот трансфер-маркет за да обезбедат нов напаѓач и да ги минимизираат последиците од отсутноста на еден од клучните играчи.
Мохамед Кудус се приклучи на Тотенхем од Вест Хем во летниот трансфер-прозорец, а трансферот изнесуваше 63,8 милиони евра.
Досега, ганскиот интернационалец има 19 настапи за лондонскиот клуб во Премиер – лигата, со два постигнати гола и шест асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













